„Можеби имате алиби, но ЦИА немаше“: Путин во интервју со Карлсон ја обвини Америка дека го разнесе Северниот тек и дека „тоа им е јасно на сите“
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека САД го уништила Северниот поток и дека тоа им е јасно на сите во светот.
Обраќајќи му се на Такер Карлсон и алудирајќи на тоа дека е Американец, Путин рече: „Можеби имаш алиби, но ЦИА немаше“.
Запрашан дали има докази дека тоа го направила НАТО или ЦИА, претседателот рече дека нема да навлегува во детали, но дека секогаш треба да се гледа низ призмата на тоа кој имал најголема корист.
„Но, тоа не е единственото прашање овде, треба да размислиме и кој бил најспособен за такво нешто и кој имал можност да направи такво нешто.
Такер потоа го праша зошто не излезе во јавност и не ја победи пропагандата ако ги има доказите.
„Во таква војна е многу тешко да се поразат САД, бидејќи САД ги контролираат медиумите во светот и во Европа. Целиот свет знае што се случи. Американските аналитичари дури зборуваат за тоа“, рече Путин.