Македонија

(Фото) Комуникација на Груби протече во јавност: дава наредби на директори од здравството, и им најавува дека Меџити ќе биде разрешен

Жешка борба се случува помеѓу министерот за здравство Фатмир Меџити и ДУИ однсно Артан Груби. Откако Талат Џафери реши до Собрание да прати предлог за разрешување на Меџити и Азир Алиу кој е министер за информатичко општество, а по инструкции на Зијадин Села, Меџити го возврати ударот. Минситерот од здравство изминатите денови им ги проверува и боледувањата на организациските директори на ДУИ.

“Повеќето од организациските директори од Клинички Центар земале боледување а не се болни. Тоа не е легитимно, нека спијат на раат јас не сакам да ги разрешам, ова е шпекулација на Артан Груби“, додава Меџити.

Сепак, Артан Груби со цел да превенира, во Вибер-група и ги упатува членовите-директори да земат боледување.

“Почитувани, ниту еден наш директор за здравство да НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот“ се вели во пораката на Груби.

На ова, коментирале извесен Арменд Фазлиу кој работи во Клиничкиот центар во Тетово, како и лице потпишано како Алаудин Хавзиу.

„Артан… ако дојде до „одлуката“ владата може да ја преиспита неговата одлука???“, прашува извесниот Хавзиу.

„Не! Затоа велам немој, потпишете го, отворете боледување итн… неколку дена додека не биде отпуштен министерот“, враќа Груби.

Дали се пораките автентички, досега никој од ДУИ не се огласил, ниту демантирал.

На почеток