Македонија

Одлуките на Таравари се нелегитимни: Села се спрема за враќање на чело на Алијанса, но не и за кандидирање за претседател

Зијадин Села не исклучува негово враќање на претседателската функција, но Конкресот на Алијансата на Албанците ќе ја донесе конечната одлука, Сепак, не размислува да биде кандидат за претседател на Македонија. Според Села, било Таравари на собирот со делегати сакал да прошверцува одлука, која ја прогласи за нелегитимна.

„Во случај да се вратам за претседател, јас ќе ги почитувам органите на партии. Одлуките за коалицирање не се прават преку Фејсбук статуси, туку се зборува со членството и се носи одлука со централното Собрание“, рече Села.

Според него, мора да има уставни измени пред да има формирање на нова Влада па посочи: „Знаете дека ни престојат уставни измени кои требаше да бидат завршени за патот кон ЕУ биде гарантиран за Северна Македонија, а со тоа и стабилност во време кога многу политички актери се заинтересирани за дестабилизација. Алијансата ќе се однесува одговорно“.

„Мојот став секогаш ќе биде дека Алијансата на Албанците треба сама да иде на избори. Алијансата е издадена од сите партии, а Таравари преку негово лично мислење да ја носи во коалиција“, посочи Села.

На почеток