Македонија

(Видео) Стојаноски го искара Џафери: Полека, не си веќе собраниски претседател, нудите министри да учат од функција и затоа сме херметичи затворени

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го искритикува предлогот на техничкиот премиер Талат Џафери да се сменат министри врз основа на барање од кадрова комисија од Алијанса за Албанците, партија во која е настанат хаос поради караницата Арбен Таравари-Зијадин Села. На ова од место реагираше Џафери, на што Стојаноски му рече: „Полека, полека, ве молам, не си веќе тука седнат (на столчето за собраниски спикер), таму си седнат, за дофрлање има реплика“.

„Што доколку одлучи судот дека тие органи се нестатутарни? Дали сметате дека е сериозно да предложите министер за информатичко општество, а да кажете како кваликатив дека е млад човек и треба да му дадеме шанса. За што? Како министер да стекнува знаења и да учи?“, рече Стојаноски.

Според него, поради тоа што министри од функција учеле како треба да се работи, граѓаните се херметички затворени поради патните исправи.

„Токму затоа што стававме луѓе кои на функција учеа како треба, сега сме заробени во државата. Токму затоа сме херметички затворени. Ја донесовте државата на дереџе да менуваме закони за патни исправи. Таквите политики на приучување на луѓе нѐ донесоа на ниво да бираме министри да бираме министри за од функција да научат како да работат“, рече Стојаноски.

На почеток