Македонија

„Делата нивни зборуваат, нема што посебно да додадам“, Џафери предложи министри за здравство и информатика

Техничкиот премиер Талат Џафери предложи Илир Демири да биде избран за минситер за здравство.

„Нема потреба за претставување, секој од нас имал можност да помине лично или преку член на семејството на Инфективната клиника, сме имале можност да го гледаме во работата при водењето на болницата во Тетово, делата говорат за неговата личност“, кажа Џафери.

Наим Бајрами е предлог министер за информатичко општество и администрација.

„Тој е магистер, млад човек кој треба прилика да добие за да се покаже и докаже во струката, во тој контекст нема што да се дададе во однос на тоа што го претставил како биографија“, додаде Џафери.

На почеток