Македонија

(Видео) Возачките стасаа на итна собраниска седница – ќе се менува законот за тие да важат и од утре

Пратениците за кратко почнуваат со седницата на која ќе се менува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за да возачките работат и по полноќ, а граѓаните да не бидат изложени на казни.

„Ве информирам дека претседателот Митрески ја закажа седницата на која ќе се разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, за денеска со почеток во 15 часот“, велат од Кабинетот на собранискиот претседател Јован Митрески.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисоски, кој преседаваше со пленарната седница кажа дека итната седница ќе почне веднаш штом службите ќе ја подготват новата седница.

На почеток