Македонија

Уште пред да ги изберат, се знаеше дека ќе бидат тие: Пеливанов и Сарамандова си одат во Вишо

Обвинителите Наташа Сарамандова и Трајче Пеливанов се избрани за обвинители во Вишо обвинителство, како што најави „Скопје1“ утринава пред седницата. Нивниот избор беше договорен уште пред седницата, за што брифираа извори од Советот на јавни обвинители за „Скопје1“. На седницата по кратките пофалби, двајцата обвинители го добија само мнозинството гласови.

Изборот на Пеливанов во повисокото обвинителство доаѓа во период кога за него беше објавен скандл. „Алфа“ пишуваше дека додека тимот на Катица Јанева го гонеше, Пеливанов се допишувал со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – а пораки го открија пријателството. За него има дисциплинска постапка и пред Советот на јавни обвинители, истото тело кое денеска планира да го избере во Вишото обвинителство-Скопје. Тој е познат и како „наследникот на Русковска“, бидејќи беше в.д. шеф кога Вилма беше супсендирана поради дисциплинската постапка која се водеше против неа. Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, минатиот април, Пеливанов беше дел до тимот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Обвинителот Пеливанов, како обвинител од СЈО во група со обвинителката Ленче Ристоска и Артан Ајро го застапуваше обвинението за масовното незаконско прислушување, но и за нелегалната набавка на британска опрема за следење за кои Сашо Мијалков.

Сарамандова пак, се обиде да стане обвинтиелка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но неуспешен. Сарамандова е позната по четири предмети, од кои едниот е поврзан со гонењето на Здравко Савески поради фрлањето боја за време на шарената револуција врз државните фасади. Второто обвинение покренато од неа е против поранешниот судија кој сега е во затвор Владимир Панчевски за злоупотреба на АКМИС-системот. Последно во низата е обвинението против Емил Јакимовски за заканите против новинарки и семејно насилство, каде беше досудена дваесетмесечна затворска казна. Последниот е поврзан со гонење на десет лица од кои пет се од МВР, осомнични за шверцување на лускузнзи автомобили.

Пеливанов и Сарамандова на чекор до Вишо – кои предмети ги водеа, за да сега бидат унапредени – Скопје1.мк (skopje1.mk)

(Видео) Додека тимот на Катица Јанева го гонеше, Пеливанов се допишувал со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – пораки го открија пријателството – Скопје1.мк (skopje1.mk)

На почеток