Македонија

Коцевски го наследува Јовески – за новиот државен обвинител малку се знае

Власта смогна сили и изгласа Љупчо Коцевски да биде нов републички јавен обвинител. Собраниското мнозинство на СДСМ и ДУИ го излгасаа со 62 пратеници, па сега, тој ќе го наследи Љубомир Јовески кој претходно ја извршуваше функцијата пред Соња Симовска да биде именувана за в.д. државен обвинтител.

Изборот на Коцевски доаѓа откако Советот на јавни обвинители ја исфрли од игра обвинителката Фатиме Фетаи и кажа дека немала комплетна документација. Лидија Раичевиќ не ја доби поддршката од колегите кои сметаа дека не е обвинител кој треба да стане републички.

За човекот од заднина малку се знае. Љупчо Коцевски во Државното обвинителство дојде од Вишото јавно обвинителство во Гостивар во јануари 2022. Работел како адвокат, а бил и дел од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители.

На почеток