Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои 6 деца
Единаесет лица, меѓу кои шест деца, беа убиени вчера во израелски напади врз села низ јужен Либан, известија директорот на тамошната болница и три либански безбедносни извори, додека пак, Израел соопшти дека одговорил на ракетен напад на Хезболах во кој загина еден од неговите војници.
Хезболах и израелската војска разменуваат оган долж израелско-либанската граница повеќе од четири месеци, откако либанската вооружена група лансираше ракети преку спорната граница како поддршка на својот палестински сојузник Хамас.
Една жена и нејзините две деца се убиени во израелски напад врз селото Ал Савана, соопштија два безбедносни извори. Во нападот на зградата во Набатие загинаа и четири деца, три жени и еден маж. Седум лица се ранети, изјави Вазни за Ројтерс.
Четворица борци на Хезболах биле убиени во одвоени напади, според групата и безбедносни извори. Хезболах не објави никакви операции во средата. Шефот на неговиот извршен совет рече дека израелските напади врз Либан „не можат да останат без одговор“.
Портпаролот на израелската влада изјави за новинарите дека вчераутро во ракетниот напад од Либан загинал израелски војник, а осум други се хоспитализирани. „Како што јасно кажавме постојано, Израел не е заинтересиран за војна на два фронта. Но, ако бидеме испровоцирани, ќе одговориме силно“, рече портпаролката Илана Стајн.