Македонија

Во Речица кај Ахмети ќе прашате за претседателски кандидат, за кандидатурата на Таравари сувишен би бил мој коментар, рече Џафери

Техничкиот премиер Талат Џафери искара новинарка оти не ги знаела добро законите, а му забележа дека пред избори промовира нова градинка во Липково. Тој и порача: „Прочитајте го малку подобро законот. Тој забранува 20 дена од отпочнување на кампањата. Таа почнува на 4 април. Не сме во тој период“, по што доби аплауз.

Следното прашање до него беше дали ДУИ ќе оди со свој кандидат за претседател, а Џафери рече одговори да се бараат од Али Ахмети.

„Ќе си одите до Речица, ќе седнете со лидерот, јас сум премиер ја претставувам Владата, а не ДУИ“, рече Џафери.

Прашан за кандидатурата на Арбен Таравари од страна на албанската опозиција, техничкиот премиер кажа дека не чувствува потреба да коментира одлуки на политички партии.

„Сувишен би бил било каков коментар од моја страна“, додаде Џафери.

На почеток