Македонија

Таравари тврди дека Села нема поддршка за да го разреши: Кај народот водам 90:10

Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, тврди дека тој има поголема поддршка кај партиските структури и членовите, наспроти Зијадин Села. Смета дека не може да биде сменет од челното место. Кажа дека сега се работи на кредибилитетот на партијата.

„Тоа е легитимно право внатре во партијата, секогаш имаме разногласие. Нема ништо лошо во тоа. Јас ја гледам поддршката и во централното Собрание на партијата каде сме 60 наспроти 40. Во членството е исто така некаде 60-70. А кај народот е 90 спрема 10. Алијанса е формирана анти ДУИ и така е формирана. Да го убедиш граѓанинот дека треба да помогнеме на ДУИ сега, мислам дека е контраверзно и нема никогаш да се прифати. Ако одевме со ДУИ ќе не саботираа граѓаните. Нас ни треба кребидилитет како што почнавме пред 10 години, како франкција од ДПА“, рече Таравари.

Според него, тие не можат сами и затоа ќе настапуваат со албанските опозициски партии.

На почеток