Македонија

Пет предмети за документите кои имаат важност, а немаат „северна“ во Уставен, Кацарска не знае кога ќе бидат на седница

Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска, кажа дека Уставен суд има оформено пет предмети поради личните документи. Граѓани се жалеле дека имаат документи што имаат важност, но не можат да ги користат поради измените на законите. Сите предмети се дадени во јавноста, но не се знае кога овие предмети ќе се најдат на седница за разгледување.

„Мојот личен став како правник не би смеела да го кажам. И за дискриминација судот одлучува, но во самиот Устав е наведено за кој вид дискриминација би можеле да работиме. Во судот се оформени пет предмети, доставени се до судии известители и советник на судот. Во поглед кога тие предмети ќе бидат на седница, не можам да одоговорам, тоа зависи од тимот. Не се мешам во работата на судиите. Се работи за пасошите, возачки, личните карти“, посочи Кацарска.

Според неа, Уставен суд не може да им помогне на граѓаните кои сметаат дека им е ускратена слободата на движење.

„Конкретно што е оспорено не можам да ви кажам, но е времетраењето на документи кои имаат се уште важност, ограничената слобода на движење на овој начин. Но граѓаните мора да знаат дека слободата на движење не е надлежност на Уставниот суд. Тука би нагласила дека политичарите ќе разберат зошто јас две и пол години бев силен поддржувач за уставна тужба. Ако го имавме овој институт, граѓаните ќе се обратеа за секое нивно барање, за секоја слобода и право. Се надевам дека сега ќе разберат без да ме критикуваат зошто јас барам измена на Уставот“, кажа Кацарска.

На почеток