Македонија

Пратките доцнат, но за директорот на „Пошти“ не е толку многу лоши – приватните доставувачи се подобри оти не носат по планини

Грешки во доставување на судски пратки и спора достава на писма предизвикува незадовлнство кај граѓаните од услугите на „Пошта“. Но и покрај ова, директорот Идри Истрефи кажа дека не е толку лошо како тоа го претставуваат новинарите. Не сакаше да говори многу на темата „услуги од Пошта“, оти дошол на настан во Уставен суд да промовира маркица.

„Ние денеска сме дојдени за марката (маркицата) да ја претставиме. Ако имате некое прашање може да дојдете таму. Ние работиме нонстоп, можеби има некои проблеми, но не колку што вие кажувате. Нашите работници работат напорно за да бидат слуги на граѓаните и да ги извршат своите задачи“, рече Истрефи.

Прашан како е можно приватните брзи пошти со помалку ресурси да реагираат побрзо, тој рече: „Ние во нашиот дел правиме напори да што побрзо носиме пратките. Но можностите се толку. Приватните пошти се помали, ние сме универзални снабдувачи. Ние носиме пошти и во далечните места. Ние носиме по планините, селата“.

На почеток