Македонија

Фамир Меџити не му го предал кабинетот на новиот министер: Ќе треба да го прашате него зошто

Новиот министер за здравство, Илир Демири, нема направено примопредавање со разрешениот Фатмир Меџити. Сепак, најави дека ќе ги продолжи сите проекти кои се темелат на факти. Зошто немало примопредавање на кабинетот, Демири рече да се праша Меџити, а тој три дена веќе министерува со здравсвството.

„Ќе треба да го прашате него, немаме направено примопредавање. Ќе ги продолжиме проектите, ова е трет ден откако сум министер за здравство. Сите проекти кои се со факти ќе ги реализираме“, рече Демири.

Според него, Меџити ветил поголеми плати за здравствените работници, но не спровел процедура за да најде пари.

„Не е направена постапка за обезбедување на средства од буџетот. Тоа е ветување, а не е исполнет критериумот. Тој договор мора да помине процеудра, па да се потпише по изборите. Здравствените работници знаат дека нема процедура за финансиски средства“, рече тој.

На почеток