Македонија

Апсења во Карпош, на Бит Пазар, во Велес: пет претреси, шест лица со лисици

Денеска (18.02.2024) во 03.15 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.02.2024 во 16.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(35) од с.Долно Седларце, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.02..2024 во 23.05 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Х.(23) од Скопје и Н.Ш.(24) од с.Студеничани, скопско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Ш., а сопатник бил А.Х., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.02.2024 во 22.00 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ја лишиле од слобода Р.Д.(19) од Велес затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.02.2024 во 22.30 часот на улица „8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(36) од село Доброшане, кумановско, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана, таблета екстази, грутчеста и прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток