Македонија

Судир на мотоцикли во Велес

На крстосница во Велес, во попладневните часови на вчерашниот ден, се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикл „тумопар“, управуван од 47-годишен велешанец, и мотоцикл „кимко“, управуван од 22-годишник, исто така од Велес.

Од МВР информираат дека во незгодата повреди добил возачот на мотоциклот „тумопар“.

Со возило на итната медицинска помош тој бил пренесен во велешката Општа болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

На почеток