Македонија

Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател, смета Џафери и додава: Можел да ја има било која функција во овие 22 години

Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека неговиот лидер Али Ахмети, нема да биде кандидат за претседател на ДУИ. Тој смета дека Ахмети можел да ја има било која функција, односно секоја што ќе посака. Потоа, додаде, Ахмети немал такви амбиции.

„Ахмети има мисија, а не е претендент за функција како што знам. Мислам дека нема да прифати да биде тоа. Нема потреба тој да покаже кој е и колку е по 50 години свој придонес во нештата во оваа држава, за граѓаните на оваа држава. Неговата мисија е ЕУ и Европа и работи на таа мисија. Не мислам дека му е приоритет такмичењето за било која функција, да сакал можел да има било каква функција во овие 22 години“, кажа Ахмети.

Претходно, во јавноста протекоа информации дека ДУИ планира да оди со Ахмети за кандидат за претседател. Ова, особено откако албанската опозиција се обедини и го кандидира Арбен Таравари во претседателската трка. Кратко по оваа информација, Артан Груби сподели фотографија која беше разбрана како извесна потврда.

На почеток