Скопје

Откако скапуваше со години, продолжува реконструкцијата на Универзална сала: Ќе биде готова 2026 година

Реконструкцијата на Универзална сала која почна во 2021 година, а работите стојат во место со години, ќе продолжи, најави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој вината за стопираните работи ја префрли кај градоначалничката Данела Арсовска. Реконструкцијата започна во време на Петре Шилегов.

„Она што го почнавме пред повеќе месеци, ќе добие епилог. Ќе го вратиме симболот на модерно Скопје. Уште генерации и генерации ќе уживаат во Универзална сала. Реконструкцијата се очекува да заврши во 2026 година, кога објектот треба да ги прими првите посетители. Кога Министерството за култура ќе ја финализира градбата, ќе го предаде во Град Скопје“, рече Ковачевски.

Тој кажа дека работите во Универзалната сала стоеле во место, поради градоначалничката Данела Арсовска.

„Ги одземавме ингеренциите и ги продолживме договорите за реконструкција на Универзална сала“, додаде тој.

Арсовска ја стопираше реконструкцијата бидејќи тврдеше дека зградата не е стабилна.

На почеток