Македонија

Ванковска почна со собирање потписи за претседателска кандидатура

Денес, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и проф. Билјана Ванковска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК.

„Рокот за собирање потписи започнува во ПЕТОК (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок). Поддршката за кандидатурата на проф. Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.

Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата!“, велат од Левица

На почеток