Скопје

Куп тепачки во Скопје: сопруг шамарал сопруга, дете натепано во Центар, скопјанец во Гази Баба

Жена натепана од сопругот, скопјанец добил ќотек од неколку лица, малолетник шамаран од непознато лице, а скопјанец во Центар. Вака од прилика изгледал вчерашниот ден во Скопје. МВР излезе со детали.

На 20.02.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Л.(43) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје, Ј.К.(33) од Скопје пријавил дека пред казино на подрачјето на Гази Баба физички бил нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, Г.О.(48) од Скопје пријавил дека на 17.02.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 08.30 часот во СВР Скопје, Ѓ.П.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 07.46 часот во СВР Скопје, Н.С. (49) од с.Волково, скопско пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Н.А.(38) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток