Скопје

Карпош уште го нема поништено решението за 17-катницата кај Воена болница

Конзерваторското мислење со кое се дозволуваше изградба на 17-катница кај Воена болница стана обичен лист хартија, бидејќи како што најави министерката за култура, Бисер Костадиноска-Стојческа, истото е поништено оти е незаконски издадено, спротивно на правилниците. Истовремено, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, сега треба да ја поништи и дадената градежна дозвола. Поништеното мислење стигнало во Општината, но став досега, дали и кога ќе им се одобрение дозволата за градење на инвеститорите – нема.

На локацијата и натаму има градежни машини кои работат и го подготвуваат теренот за изградба. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во средината на јануари ја потпиша градежната дозвола за изградба на спорната 17-катница среде болничкиот комплекс на Воена болница во Скопје. Инвеститорот на градбата „ЗСФ Ком“ веќе го огради градилиштето и на терен почнуваат градежни работи за изградба на зградата.

Парцелата на која треба да се гради зградата се наоѓа непосредно до болницата „8 Септември“ која има статус на споменик на архитектноско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. За добивање на градежна дозвола, според Законот за заштита на културно наследство, проектот мора да биде одобрен од Конзерваторскиот центар. Истиот центар, по едно негативно, даде позитивно мислење – кое сега треба да се укине.

 

Незаконско е конзерваторското мислење за 17-катница кај Воена болница – треба веднаш да се поништи, а без него нема зграда

 

На почеток