„Во МТВ се земаат возачки на лица кои не доаѓаат лично“ – сведоштво за хаосот во институциите
Сабина Факиќ, сподели искуство од пунктот на МВР во МТВ каде се подигнуваат личните документи.
„Во пунктот во МТВ еден работи на издавање возачки дозволи, а документите се послани дел на биро, а дел на под. Доаѓа негов колега и прашува каде се подредени итните возачки и како одат буквите и наоѓа возачка дозвола за извесното лице (кое не е присутно) и мртов ладен се потпишува и ја зема.
Го прашувам – како тоа зема туѓа возачка дозвола, на што дрско ми возврати која сум јас да го прашувам и ме упати да се жалам кај началничката. Му реков дека не ми е тоа намерата туку да го засрамам јавно затоа што од таквите како него е созададен хаосот во институциите. Вработениот кој ги издаваше возачките молчеше. Виновни се и двајцата. Случајно или не, по кавгата мојата возачка дозвола не можеше да се најде“, пишува таа.
Голем дел од граѓаните не и по еден месец не ги добиваат документите, без разлика дали ги вадат по редовна или итна постапка.