Коментари

По пречекот на пасоши среде ноќ на граница: Фен купив некни не знаев дека можело да се организира владин пречек

Пречекот на пасоши среде ноќ на граничниот премин „Богородица“, од страна на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, донесе исмејувње и иронични коментари. На граѓаните им е чудно што Бојмацалиев стоел на граница за да го пречека камионот, сам, со службениците кои контролираат влез-излез.

„Фен купив некни не знаев дека можело да се организира владин пречек“, пишува во еден коментар.

„Уште обрасци за пасоши немавме пречекано“, стои во друг коментар.

„А сега доплнителниот заменик на заменикот секретар ќе пречека на граница пенкала со кои ќе може, а и не мора затоа што се мултифункционални, да се потпишуваат барања за нов пасош“, коментира Божидар Божиновски.

„За да напрает 5 слики за вести се зафатиле од Скопје до грчка граница со минимум 3 коли, си собрал дополнителниов заменик некој омилен советник/чка да го/ја прошета и уш 3-4 телохранители за да покажит дека е важен и организирале ДОЧЕК НА ОБРАСЦИ за пасоши кои по договорот шо го потпишаа тие, последен рок за менување им беше пред 10 дена. Или со неколку збора: спукале поќе од 10 000€ за нешо шо мојт да се завршит за 5€“, пишува Иљче Затаракоски.

Чинот беше исмејуван.

„Прво пречекување на обрасци за пасоши откако сме членки во НАТО. Кој сака нека честита“, пишува на „Х“.

„Замисли на совет на НАТО ја прашуваат Славјанка кој прогрес има државава. Славјанка одговара Па ние генерале пречекавме обрасци за пасоши со сите почести на граница. Монти Пајтон гомна да јаде“, коментираат граѓаните.

„Бива да се олку удрени во главата да чекаат обрасци за пасоши на граница и од тоа да прават циркус?“, коментираат на „Х“.

На почеток