Коментари

Сведоштво од Скопје: Син ми (13) не излегува од страв дека некој ќе го тепа, деца ги соблекуваат боси за да си одат

„Каде погрешивме и што стана од младината…Малолетник (14) убил малолетник (14)“, пишува адвокатката и родителка на малолетно дете од Скопје.

Таа додава:

„Во општина Карпош веќе подолго време се случува врсничко насилство помеѓу децата… Банди од Ѓорче, Геге, Влае, Карпош… Син ми 13, и цело друштво веќе 1 месец не излегуваат, замислете седат дома од страв дека некој ќе ги тепа… Имавме случка каде дете беше истепано за малку не остана без око… Минатата недела едно дете било соблечено босо да си оди, зашто решиле патиките да му ги земат.

5 деца од кои едно со нож им дошле пред училиште им барале пари и им го зеле јадењето… Денес имавме случка каде малолетник се заканувал дека ќе силува девојче и со нож ќе ја биде… Замислете.. Родителите избезумени.. Децата исто. Петокот пред 2 недели ги бркале да ги тепаат, па дури и од бензиска го влечеле едното дете да излезе, па среќа вработените му помогнале и повикале родители и полиција… За истите тие малолетни деца (14,15 години) на мајката да и речат: “Сакаш сега пред тебе да го тепам…? А во полиција да кажат дека ништо не им можеле дека биле малолетни!!! Епа тие малолетни вршат терор, и вака убиваат други деца, недај Боже… Денес е детето од Прилеп, утре може да е секое едно дете, моето, твоето… Некој да превземе конкретни мерки… Малолетник е способен на сѐ! Општина Ѓорче Петров општина Карпош, полиција…. Кој ќе превземе нешто???“, прашува таа.

На почеток