Коментари

Сведоштво: Струмичанка стравува од убиство од поранешниот партнер – тврди дека била мета на насилство заедно со нејзиното дете

Струмичанката Моника Тасевска јавно побара заштита од поранешниот партнер, за кој вели дека ја прогонува. Посочува дека прво била мета на насилство, па додава дека и нејзиното дете поминало низ трауми од лице кое го опишува како убиец, насилник, психопат. Според нејзиното јавно пишување, сето ова го пријавила во органите на прогнот, а лицето сега, објавувало јавно нејзини експлицитни фотографии, со цел.

Сведоштвото во продолжение:

„Луѓе, јас навистина не знам повеќе како да се заштитам од сето оваа што преживувам последната година. Покрај тоа што завршив на операцијата од насилство кое го доживеав од мојот сакан, истиот продолжува и понатаму да ми го загорчува животот, посебно тогаш кога и покрај мерките на претпазливо не излезам и не го задоволна неговите потреби Овој пат барам јавна поддршка и помош, да се спасам и да се заштитам себе а воедно и моето дете кое помина низ психички трауми, од еден насилник, убиец, злоставувач а пред се психопат. А не сакам да се кријам по туѓи домови да менувам броеви, моето дете да губи другарчиња и школски денови. Барам помош за законски постапување, протвор и судска разрешница.

За лицето Д.Т. од Куклиш очигледни не постои закон со кој јас како жртва во секоја форма на насилство ќе ме заштити. Истиот продолжува со уцнеи и објавување на мои ексципилитни фотографи, само за тоа што е одбиен да излезам со него. А институциите не постапуваат. Дали чекат да се случи убиство, не знам!? Се обраќам до сите граѓани, пријатели, познаници и не знани за помош, јас оваа траума не можам да ја издржам, мојата здраствена состојба е во мн лошо ниво. Покрај тоа што немам услови да се лечам од повредите, да правам редовни прегледи и комторли јас не можам понатаму нити да преживуваат во оваа психичка состојба. Се обраќам до правни лица кои се благо наклонети кон правдата и би сакале да ми помогнат да се спасам од овој лавиринт во кој се изгубив. За тоа што јас повеќе не можам да се борам со оваа бесчувствително општество, и не совесни институции. Знаев дека ќе е тешко, но не верував дака толуку мн ќе биде тешко и дека оние кои треба да ме заштиташ ќе ме остават да бидам курбан на еден психопат“, пишува Тасевска.

„Скопје1“ испрати и прашања до МВР околу тоа дали лицето има поднесено пријави и колку, како и што пријавувала. Прашавме и дали таа е заштитена и дали ќе се регира по нејзиното јавно сведоштво. Оттуаму, очекуваме одговори.

На почеток