Коментари

Хирург од Воена болница: Не знам како на друг начин да го опишам ова освен лудило

Ортопедски хирург во Општа градска болница – Скопје, 8-ми септември Скопје (стара Воена болница), Александар Каревски, алармира дека 10 дена има хаос во здравството откако салите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се вон функција. Тој бара да се спасат пациентите и предлага решение, а потоа да се бара кој е крив.

„10 дена хаос, неодговорност и не знам како на друг начин да го опишам ова освен лудило. 10 дена се бара кој е крив а проблемите никој никој не ги решава. Сакате решение? Пратете инструментарки, материјали и останат среден персонал од клиниките кои немаат сали затоа што и ние сме виртуозно изменаџирани па ние “секундарната” 8ми Септември ќе ги згрижиме пациентите.

Ставете го стационарот на клиниките на наше располагање за веќе оперираните пациенти за кои не треба кислород и ќе имаме места.

Спасете ги пациентите а после барајте си кој е крив. А важно е да се најде кој е крив, само да не ви треба огледало за истото?

Морам да ги спомнам и колегите од Св Наум Охридски кои се на истиот удар и колегијално со нас се договараат и успеваме некако да издржиме“, напиша доктор Каревски.

На почеток