Се собираат потписи за Бујар Османи: Условот на ДУИ за коалицирање ќе биде промена на Уставот и претседател да се бира во Собрание
Пратеникот Арбер Адеми ставајќи акцент на тоа што Албанците сакаат уште една важна државна функција, кажа дека започнуваат со собирање на потписи за Бујар Османи да биде претседателски кандидат.
„ДУИ како што најави лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи за Бујар Османи за кандидат за претседател на нашата земја. По прв премиер Албанец, по министер за одбрана, претседатели на Управен суд, на боречка, фудбалска, боксерска федерација, правобранители – па дојде време да го отовриме патот и претседателот на биде Албанец. Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е претседател да се бира во Собрание, со над 80 гласови, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус, за да се обезбеди над 80 гласови да се спречи техничкото надгласување само од двете поголеми македонски политички партии“, рече Адеми.
Тој побара поддршка од Албанците, па рече: „и од другите граѓани“, а со цел да се смени Уставот.
„Ова ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг, и за парламентарните избори и тоа ќе го постигнеме. Само со гласање на најсилната албанска партија ќе се постигне ова“, додаде Адеми.