Македонија

Дали му е незгодно: Ковачевски не се откажува од апанажата, ќе си зема 2.500 евра месечно, цела година

Немаше одговор од премиерот Димитар Ковачевски, дали му е незгодно што ќе зема 2.500 евра месечно од државата, како апанажа поради тоа што бил претседател на Владата. Тој смета дека ако некој извршувал некоја функција, треба да следува апанажа, со цел, да најде време за да најде нова работа.

„Јас бев претседател на Владата во едно тешко време. Својата функција ја обавувам согласно законот. И така поднесов оставка. Сите одлуки носени по тоа, во однос на примањата, тоа е според Закон. Сметам дека сите треба да ги почитуваат законите. Токму поради такви закони кои се почитуваат, имаме зголемување на миниалната плата…“, раскажуваше Ковачевски, кој не одговори дали му е незгодно што зема апанажа.

На забелешката дека ако не побарал апанажа, немало да добие, тој посочува: „Вие бевте сведок дека бев обвинуван дека сум имал свои фирми и компании, тоа опозицијата го истакнуваше. Но се потврди дека немам свои компании. И со ова само се потврди дека тоа било лага“.

На почеток