Свет

Уапсени се пет лица низ Скопје: најмладиот има 18, највозрасниот 28 години

Пет лица се уапсени по вчерашните 11 кои завршија во полициски станици – а причината е пронајдена дрога. Полицијата извести за нови случаи на територија на Скопје.

На 25.02.2024 во 23.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.02.2024 во 10.45 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.02.2024 во 21.35 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.И.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.02.2024 во 17.10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(24) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.02.2024 во 21.50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Џ.К.(21) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток