Македонија

Тошковски за Трајковски: Неговата визија за општество засновано на демократија, владеење на правото треба да нѐ инспирира и мотивира сите заедно

„Денеска заедно со пратеничката Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, положивме цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по повод 20 годишнината од неговата смрт“, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Неговата визија за општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија треба да нѐ инспирира и мотивира сите заедно да работиме во насока на нејзино остварување“, напиша Тошковски.

Денеска се одбележува 20 годишнина од трагичната смет на Трајковски, членовите на Кабинетот и екипажот.

На почеток