Свет

„Не можеме да ја исклучиме можноста за испраќање на војници од Европа во Украина, Русија мора да ја загуби војната, порача Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон по самитот на европските лидери во Париз изјави дека не е постигнат консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.

„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Франција ќе се приклучи на чешката иницијатива за купување муниција за Украина.

„Поразот на Русија е неопходен за европската безбедност“, рече Макрон.

Тој додаде дека европските земји ќе воведат дополнителни санкции за оние земји кои и помагаат на Русија да ги заобиколи рестриктивните мерки што и се наметнати. На самитот присуствуваа околу 20 европски лидери кои сакаа да испратат порака до рускиот претседател Владимир Путин за европската одлучност кога е во прашање поддршката на Украина, наведува Ројтерс.

На почеток