Свет

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за Рамазан, ја губат поддршката од светот

Портпаролот на Хамас му се закани на Израел: Нема да ги добиете вашите заложници живи без размена, преговори и исполнување на барањата

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на Рамазан, додавајќи дека еврејската држава ризикува да ја изгуби поддршката од остатокот од светот бидејќи Палестинците умираат во голем број.

Бајден, кој ги даде забелешките за време на гостувањето во емисијата „Доцна ноќ со Сет Мејерс“ на NBC, рече дека Израел е посветен да им дозволи на Палестинците да се евакуираат од Рафа во јужна Газа пред да ја интензивира својата кампања таму за уништување на Хамас. Тој рече и дека постои начелен договор за прекин на огнот меѓу двете страни додека не се ослободат заложниците.

„Рамазан се приближува, а Израелците се согласија да не учествуваат во активности за време на Рамазан, за да ни дадат време да ги извадиме сите заложници“, рече тој. Муслиманскиот свет месец Рамазан во 2024 година се очекува да започне вечерта на 10 март 2024 година, а да заврши вечерта на 9 април 2024 година.

Бајден рече дека привремениот прекин на огнот ќе ги олесни односите меѓу Палестинците и Израел и ќе го забрза процесот на создавање палестинска држава.

„Тоа ни дава време да почнеме да се движиме во насоките во кои се подготвени да одат многу арапски земји. На пример, Саудиска Арабија е подготвена да го признае Израел. Јордан е. Египет. Има уште шест земји. Разговарав и со Катар“. – изјави Бајден.

На почеток