Тимот на Навални бара јавна комеморација во Москва
Од тимот на Алексеј Навални, кој неодамна почина во затвор, најавија дека до петок сакаат да организираат јавна комеморација во Москва.
„Бараме сала за јавно збогување со Алексеј“, објави неговата портпаролка Кира Јармиш на социјалната мрежа Х. Планираниот датум е крајот на оваа работна недела, додаде таа.
Навални почина на 16 февруари во затвор во сибирскиот арктички регион Јамал, објавија руските власти. Околностите за неговата смрт се уште не се јасни.
Водечкиот критичар на режимот на Путин, ослабен од отров и честите самица, колабирал во затворскиот двор и починал и покрај обидите да го оживее.
Според неговиот тим, во изводот на смртта стои дека Навални починал од природна смрт.
Неговата мајка Људмила ги обвинува руските власти дека се обиделе да ја притиснат да го закопа тајно, што таа го одбила.
Таа повикува на јавна комеморација и погреб за да можат неговите поддржувачи да му оддадат последна почит.