Свет

Телевизиски водител и неговото момче брутално убиени од полицаец: Пронајдени тела во австралиско село, откриени траги од тепачка со убиецот

Австралиската полиција денеска ги пронашла телата на поранешниот ТВ водител Џеси Берд и неговиот партнер Лук Дејвис, кои наводно биле убиени од полицаецот Боу Ламар-Кондон, поранешно момче на водителот.

Полицијата соопшти дека Ламар претходно денеска им дал информации кои ги довеле до телото, пронајдено во рурална област на околу 200 километри југозападно од Сиднеј, пренесува АП.

„Уверени сме дека ги најдовме Лук и Џеси“, изјави началникот на полицијата Карен Веб.

Злосторството наводно било извршено во Падингтон, каде бил пронајден куршум што одговарал на службениот пиштол на полицаецот, заедно со значително количество крв и знаци на борба. Телата биле откриени на фарма во градот Бангонија, а полицијата пронашла облека обоена со крв, телефон и кредитни картички во контејнер во Кронула, 28 километри од местото на злосторството.

Ламар-Кондон минатата недела беше обвинет за двојното убиство.

To Top