Таравари по Османи – албанската опозиција влегува во претседателската трка, македонската мака мачи


Арбен Таравари, претставник на коалицијата на албанската опозиција која настапува под името „Вредиме“, објави дека за два дена откако почнал, ги собрал сите потписи за претседател. Тој сега, според неговите пресметки има 10.000 поддржувачи и заедно со Бујар Османи, Горадана Силјановска и Стево Пендаровски влегува во претседателската трка.
„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас“, напиша Таравари.
Обид за кандидатура, а блиску до собирање на потребниот број се Максим Димитриевски на кого од вчеравечерта му фалат уште 1.500 потписи и Билјана Ванковска која ја претставува Левица на која и фалат околу 4.000 потпис.
