Македонија

Апасиев: Ситно броиме Уште 999 потписи; Ванковска: Ми пиша студент ‘доста вие нам ни давате потписи, сега е наш ред’

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, посочува дека на Билјана Ванковска и недостасуваат уште 999 потписи за да влезе во претседателската трка.

„Ситно броиме Уште 999 потписи. Потпишете се за проф. Ванковска уште денес!“, напиша Апасиев.

Ванковска пак, се пофали со тоа дека студент кој е дипломиран политиколог се потпишал за да ја поддржи.

„Ми пишува вчера еден од најбрилијантните студенти што сум ги имала, сега дипломиран политиколог: Професорке, денес ви дадов потпис! Доста вие нам ни давате потписи (во индекс), сега е наш ред“, напиша таа.

Досега 10.000 потписи собраа Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски. Потписи ќе собираат и Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, за да бидат рамноправни со другите кандидати. Сеуште нема доволно, Стевчо Јакимовски.

На почеток