Свет

Путин се закани: Ако Европа испрати војници во Украина, можеме да погодиме цели на нивна територија!

Во своето обраќање до Федералното собрание, рускиот претседател Владимир Путин им порача на западните земји кои можеби размислуваат да испратат војници во Украина да разберат дека Русија има и оружје што може да го користи за да погоди цели на нејзина територија.

Според Би-Би-Си, тој исто така тврди дека Русите биле жртви на таканаречената „русофобија“, која ја нарекол „безумна“.

„Без суверена, силна Русија, не може да има стабилен светски поредок“, рече тој во својот говор.

Тој додаде дека западната реторика се заканува со „конфликт со употреба на нуклеарно оружје и последователно уништување на цивилизацијата“.

На почеток