Свет

Четворица малолетници од Скопје се уапсени: причините се марихуама и кражба

На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 13.10 часот во Градскиот парк во Скопје, со уште две други лица, физички го нападнале Ф.П.А.(19) од Скопје и се обиделе да му го одземат паричникот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.02.2024 во 21.20 часот во с.Сопиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (29.02.2024) во 01.20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ш.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.02.2024 во 22.50 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток