(Видео) Ги фати смеа во ДИК кога го читаа порталот „Слободни-благи десерти.ком“: Сме имале многу портали
Цели 14 минути и требаа на Димитрие Шеху од Државната изборна комисија за да ги исчита 249 портали, 37 телевизии и 35 радија кои се впишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали кои смеат да прават платено политичко рекламирање. На момент, ја фати и смеа кога меѓу порталите се најде домеин со назив „слаткииблагидесерти.ком“ кој таа го прочита како „слободнииблагидесерти.ком“. На крајот, таа го искажа и својот впечаток, дека не знаела дека постојат сите овие портали во Македонија, кои сега чекаат кандидатите и партиите да се рекламираат кај нив.
„Слушавте и вие, сите заедно, сме имале многу портали, што некои јас воопшто не ги знам. Овие портали ги исполнуваат условите“, рече Шеху.
Одбиени се десетина портали кои не доставиле комплетна документација или документација која е со неважечки датуми. Требаше да се прочитаат сите медиуми и за вториот регистар, кој се однесува на рекламирање за време на парламентарните избори. За да се заштеди време, Шеху само резимираше.