Свет

(Во живо) Илјадници граѓани во редица за погребот на Навални

Екатерина Дунцова, про-мировна кандидатка, на која и беше забрането да се кандидира на претседателските избори овој месец, се гледа во редот на ожалостени кои присуствуваа на комеморацијата на Алексеј Навални. Но освен неа, колона на граѓани одат кон местото каде треба да биде донесено телото на на Навални.

Кремљ соопшти дека „нема што да им каже на роднините на Навални на денот на неговиот погреб“. Работниците на гробиштата подготвуваат количка за ковчег на гробиштата Борисово во Москва пред погребот на Алексеј Навални.

На почеток