Македонија

(Видео) „Аудито“ остаре додека да се најдат докази против Мерко – сега ќе треба да докажува невиност пред суд

За контроверзната набавка на „ауди а6“ вредно 67 илјади евра, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ќе треба да докажува невиност пред судот. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение оти смета дека тој ја злоупотребил службената положба и овластување, дело кое се казнува од една до пет години затвор. Обвинението против Мерко доаѓа по пет години откако го набави возилото со општински пари, но и откако САД го ставија на т.н. црна листа поради корупција.

„Макотрпна беше постапката, прибравме доволно докази“, рекоа од ОЈО-ГОКК.

Овој предмет мина три обвинителства. Од скопското патуваше до Обвинителството во Струга, па од таму го вратија во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Откако го набави, Мерко се фалеше со автомобилот и иронично кажуваше дека требал да купи и поскапо од ова.

На почеток