Јакимовски влегува во трката за претседател: Кога не сум фаворит обично сум најсилен
Стевчо Јакимовски од ГРОМ објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи за да биде претседателски кандидат.
„Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија.
Секој од нас заслужува подобро‼️Храбро до победа ‼️ Да живее Македонија‼️“, напиша Јакмовски.
Тој објави дека има 10.372 потписи, а во трката влага со Максим Димитриевски, Бујар Османи, Арбен Таравари, Гордана Силјаноска-Давкова, Стево Пендаровски.