Македонија

На секое одење низ Македонија, пораката на Јане Ченто ми е пред очи, рече Силјановска

Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, на Конвенцијата ги повтори зборовите на осудениот Јане Ченто за „27 април“, кој прашува „До кога луѓе?“, мислејќи до кога со неправдите кои се нанесуваат на граѓаните. Според неа, Ченто ја доживеал судбината на Методија Андонов Ченто. Посочи дека има посебна обврска кон него.

„Помилувањето е квази судска функција, ама имам посебна обврска, на секое одење низ Македонија деновиве, сликата и пораката на Јане Ченто ми е пред очи: „До кога луѓе?“. Каква судбина, судбината на дедото, како е можно тоа да се случува? Претседателите имаат можност низ таа квази судска функција да се водат од правдата, правичноста, моралот. Колку обединувачки може да биде кога претседател од друга партија ќе понуди помилување, бидејќи тоа не е заборавање на правдата и правото, туку напротив..“, кажа Силјановска-Давкова.

На почеток