Македонија

(Фото) Од утринава има редици за потпис и поддршка на Силјановска-Давкова

Од утрово, кај нотарите кои имаат овластување да собираат потписи за кандидатура на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова, гужви пред вратите. Уште пред отворање, во Ѓорче Петров се чекаше ред. Истата слика беше и во Аеродром.

„Време е за промени. Огромен интерес од аеродромци за поддршка на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова за претседател. Да го вратиме достоинството и гордоста на Македонија. Вашиот потпис можете да го дадете кај Нотар Ана Јолакоска во Аеродром“, напиша советникот од Аеродром. Дејан Митески.

Истовремено, потписи собира и Стево Пендаровски. СДСМ очекува тие да ги соберат 10.000 потписи за рекордно време, исто како и ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток