Нов пункт за документи од среда, проблем остануваат машините за принтање, документи се чекаат по повеќе од месец
Од среда се отвора нов пункт за вадење на лични документи. Тој ќе биде во Идризово, каде четири лица ќе работат во една смена. Ќе можат да се фотографираат 250-300 луѓе дневно, а кога ќе се воведе втора смена, ќе се фотографираат 500 луѓе. Но проблем останува тоа што има две машини за печатење.
„Околу 600.000 активни треба да се изработат. Минимум месец до месец и половина треба да поминат за изработка, многу се чека. Брзата постапка треба да е ден два, а потребни се 5-6 дена“, вели министерот за МВР, Панче Тошковски кој кажа дека се бара начин да се врати брзата постапка каква што законски треба да биде.
Според него, 95.000 луѓе, имаат добиено нови термини за да не се фотографираат во септември и да чекаат документи во ноември.
„Од април па натаму, ќе видиме што ќе правиме со пунктот Пролет. Не го чекпаме тој пункт за ако случајно не го сменат законот, за да има каде граѓаните да се сликаат за да имаат некаков докуемнт, ако немаат никаков“, посочи Тошковски.