Македонија

Голем влажен бран веќе од пладне: носи дожд и снег

„Големиот влажен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата држава од денес доцна попладне и навечер, и кој е во склоп со длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места ќе донесе обилни врнежи од дожд, (локално и над 30 литри дожд на метар квадратен)“, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:

На планините, како и на планинските превои, особено во западната половина од државава ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде и со висина и над 25 сантиметри.

Со овој влажен бран и во Скопскиот регион ќе има пообилни врнежи од дожд.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер (над 60 км/час), најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа и од северен правец, а можна е и ретка појава на грмежи.

Утре температурите позначително ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

На почеток