Македонија

Силјановска за еден ден собра над 28 илјади потписи, најмногу споредено со останатите претенденти за претседател

Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ за еден ден успеа да собере најголем број на потписи споредено со останатите претенденти кои се обидуваат да влезат во претседателската трка, односно што влегоа во трката. Таа има 28.029 потписи до вчера, до 20 часот.

Истовремено, Стево Пендаровски кандидат на СДСМ, има 21852 потписи. И тој, оваа бројка на поддржувачи ја собра за еден ден.

Наспроти нив, Бујар Османи има 11.085 потписи, Билјана Ванковска има 10432 потписи, Арбен Таравари има 10.709 потписи, Максим Димитриевски има 11.601 потпис.

Од друга страна, мака мачат да соберат потписи и други пет кандидати. Зорица Цветковска од „Десна“ има 204 потписи, Мерсиха Смаиловиќ има 1596 потпис, Ѓорѓи Манасков има 429 потписи, Господин Поповски собра 119 потписи, а Вело Марковски има 1466 потписи.

На почеток