Групни тепачка во Кисела Вода и Гази Баба, шамарања и во Шутка


На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2024 во 13.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(66) од Скопје затоа што на 02.03.2024 околу 16.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички нападнал двајца малолетници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2024 во 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк шумата Гази Баба, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Л.(31), А.Г.(22) и М.В.(23), сите од Скопје. Во Полициската станица Гази Баба биле приведени А.Г. и М.В. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.03.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Е.К.(34) од Скопје пријавил дека на 02.03.2024 околу 16.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од С.Б.(25) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
