Македонија

Апсење на скопскиот аеродром – спречен обид да се влезе со туѓ пасош во Македонија

На 04.03.2024 во 20.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(28) од Пакистан затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека приложил туѓа патна исправа на лице од Шри Ланка.

Тој бил предаден на полициски службеници во Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

На почеток