Македонија

Ковачевски контра „Политико“: убедува дека не останал пред врата во Рим и влегле на собирот на европските социјалисти

Димитар Ковачевски кажа дека присуствувал на сите настани во Рим и не останал пред врата, како што пишуваше реномираниот медиум „Политико“. Тој посочува дека изгледа станува збор за некакво недоразбирање и убедува дека влегол секаде.

„Се работи за натпис кое е некое недоразбирање. Вие можете да го видите мојот говор на Конгресот и сите состаноци кои ги имав таму. Беше чест да се обратам на Конгресот заедно со Педро Санчез, со колегите од Германија, Португалија. Така што на сите настани во Рим, присуствуваше нашата делегација“, вели Ковачевски.

Влијателниот медиум Политико, Ковачевски, иако бил повикан, не успеал веднаш да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим.

Апасиев за Ковачевски: Лажен левичар-милионер, кој не знае Римско право во Рим

На почеток